Македонија
20. February 2025 - 12:20

По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата

Најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за нови царини од 25 проценти - овој пат за челик и алуминиум би биле удар за европските компании кои произведуваат премиум возила . Македонските компании кои извезуваат за земјите од ЕУ не се очекува да бидат засегнати но будно ја следат состојбата бидејќи автомобилската индустрија е во криза години наназад.

Како тоа ќе влијае врз компаниите зависи од портфолиото за кои брендови и за кои модели на возила станува збор смета генералниот директор на „Костал “ Виктор Мизо.

Од охридската компанија Костал посочуваат дека без разлика што автомобилската индустрија во изминатите години, почнувајќи од 2017 година наваму посебно во Европа се соочува со континуирани кризи кои во многу случаи се пролонгирани, „Костал Македонија“ продолжува со раст и развој.