Шолц по распадот на владината коалиција: Бундестагот на 15 јануари ќе гласа за доверба на владата
Германскиот канцелар Олаф Шолц ноќеска се обрати до јавноста по одлуката за разрешување на министерот за финансии Кристијан Линднер, при што изјави дека на 15 јануари ќе се гласа за доверба на актуелната влада.
Шолц го обвини претседателот на ФДП, партијата која заедно со СПД и Зелените ја предводат германската владејачката „семафор коалиција“, за опструкции во преговорите за буџетот, велејќи дека ја ставил својата партија пред државата.
Шолц најави дека пратениците во Бундестагот на 15 јануари ќе гласаат за доверба на владата, каде се очекува мнозинството пратеници да бидат против продолжување на мандатот.
ФДП најверојатно ќе ја повлече поддршката за владата откако Шолц го разреши нивниот претседател, оставајќи ја владата со 324 пратеници, 44 помалку од потребното мнозинство.
Ова ќе го отвори патот за предвремени избори во март, каде се очекува ЦДУ да направи голем камбек.
Според сегашните анкети, партијата на поранешната канцеларка Ангела Меркел во моментов има поддршка од 32 отсто ширум Германија. Зад нив се екстремните десничари од АфД, кои имаат 18 отсто поддршка, а СПД на Шолц е дури на третото место со 16 отсто.
Анкетите покажуваат и дека во парламентот ќе влезат уште и партиите на Зелените (10 отсто) и БСВ (8 отсто), додека ФДП ( четири проценти) и Левица (три проценти) ќе останат под прагот.
Ново на Сител
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата