Македонија
5. March 2025 - 9:42

Шокантни пронајдоци за присуство на олово и други токсични материјали во играчките за деца

Изгледаат шарено и интересно, сосема безопасно, играчки кои лесно може да се најдат во сечиј дом. Но, овие навидум пријателски „лица“ зад себе кријат мрачна позадина, тие се опасни по здравјето – содржат олово и токсична пластика, па како е можно овие предмети да се во слободна продажба и лесно достапни да завршуваат во контакт со нашите најмлади – децата?!

Децата се нашето најголемо богатство и не постои родител кој не би издвоил финансиски средства за на своите деца да им овозможи детството да го поминат со најразлични играчки и забава исполнета со безгрижна детска игра...

Но, иако сите би направиле се што е во наша моќ да овозможиме на нашите деца безгрижно детство, малкумина знаат дека играчките кои им ги купуваме се направени од небезбеден материјал.

Наташа Доковска од невладината „Новинари за човекови права“ и нејзиниот тим преку свое истражување дошле до заклучок дека овие шарени ликови имаат црна страна со токсичен состав.

Според Доковска, проблемот не е во производителите туку во несоодветните декларации за безбедноста на производите на играчките, ознаките за точниот состав или ги нема или се некомплетни, па така играчки кои во европската унија се забранети кај слободно се продаваат...

Во 2018 година преку европски проект, Министерството за економија спровело акциска контрола во продавниците ширум земјава со цел да се види дали во Македонија има небезбедни играчки и тогаш....

Играчките во продажба на пазарите кои ги испитувал тимот на Доковска покажале дека истите се 100 отсто небезбедни за употреба, кои во себе содржеле неколкукратно поголеми количини на токсични материјали од она што се смета за безбедно...

Доковска додава, регулатива има, но...

Здравствените компликации од небезбедните играчки можат да бидат огромни, од астматски состојби па се до канцерогени исходи кај децата, алармантна состојба која е во пораст...

Дека оловото и живата се тешки метали кои внесени во организмот во вид на супстанција или како гасови можат да предизвикаат сериозни здравствени нарушувања – алармираат и од лекарската фела. Докторот Андов Чибишев алармира дека овие токсини по внесувањето во организмот можат да останат депонирани  од неколку месеци до неколку години.

До влезот во Европската унија и стапувањето во сила на регулативите и забраните за увезување и продажба на ризични производи и играчки на родителите ќе мора да сфатат дека покрај купувањето на играчки сепак прошетката во парк е поздрава варијанта.