Шојбле го пофали Ципрас за Договорот од Преспа
Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле, за германскиот весник „Ди Цајт“ упатува пофални зборови за грчкиот премиер Алексис Ципрас, и вели дека покажал лидерство со Договорот од Преспа и ги деблокирал односите со Северна Македонија, објавија грчките медиуми.
-Алексис Ципрас „постигна важно достигнување на политичката лидерска способност, бидејќи ги деблокираше односите со Северна Македонија“, вели Шојбле за денешното издание на неделникот „Ди Цајт“ и на грчкиот премиер му припишува дека за Договорот од Преспа претрпе „политички отпор во внатрешноста“ и како што истакнува весникот, е под закана на пораз на претстојните избори.
„Една од причините за тоа веројатно е и договорот за името за кој се разлутија многу Грци“, додава „Ди Цајт“, пренесува грчката новинска агенција АНА – МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница