Македонија
9. September 2021 - 11:49

Шилегов: Не постојат зборови со кои може да се опише тагата за изгубените животи

Петре Шилегов, градоначалникот на град Скопје преку социјалните мрежи испрати сочувство за загинатите и повредените во вчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово.

„Упатувам искрено сочувство до семејствата на настраданите во вчерашната трагедија во Тетово. Не постојат зборови со кои може да се опише тагата за изгубените животи. На повредените им посакувам побрзо закрепнување. Нашите мисли се со вас во овие тешки моменти“, напиша Шилегов на Фејсбук.