Loading Video...
Спорт плус
16. February 2023 - 18:28
Шифрин златна во велеслалом - Јана Атанасовска остана без пласман
Топ фаворитката конечно успеа да се закити со златен медал на првенството во алпско скијање, што се одржува во француските-ски центри Куршевел и Мерибел.
Шихфрин по двете трки оствари вкупно време од 2:07.13 минути, што беше за 12.стотинки побрзо од Италијанка, Федерика Брињоне, која освои злато во комбинација.
Бронзениот медал денеска и припадна на Норвежанката, агнил Мовинкел која доцнеше 22.стотинки зад Американката.
За Шифрин ова седмо златно одличје од Светските првенства на кои има освоено вкупно 13 медали.
Инаку на денешниот велеслалом свое деби на светските првенства имаше и нашата 16-годинша талентирана скијачка Јана Атанасовска која за жал остана без пласман.
Очигледно дека возбуденост од настапот на ова големо натпреварување си го стори своето, па дебитантката, 16-годишната Јана не ја заврши првата од двете предвидени трки во велеслалом.
Сепак разочарување нема, напротив, тоа им се случувало и на најголемите и многу поискусни скијачки, а за Јана допрва времето претстои.
Покрај Јана, Македонија на Светското првенство ќе ја претставуваат и Мирко Лазаревски, Виктор Петков, Јаков Добрески и Борјан Стрезовски, кои ќе настапат на квалификациската трка во велеслалом.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->