-->
-->
Шифрин подготвена за СП во Оре
-->
Микаела Шифрин (23) победи на трката во слалом, која во рамките на Светскиот куп се возеше во Марибор. Американката сезонава има 13 победи, шест од нив се во слалом.
Шифрин, во Марибор, уште еднаш доминираше над конкурентките, победувајќи со 77 стотинки подобро време од Швеѓанката Ана Ларсон, односно секунда и 15 стотинки пред Швајцарката Венди Холденер.
Американката сега има 56 победи во кариерата, вкупно 38 остварила во слалом.
Микаела Шиврин вчера во велеслалом го подели првото место со Петра Влхова.
Слаломот во Марибор е последна трка во женска конкуренција пред почетокот на Светското првенство, кое од 5 до 17 февруари ќе се одржува во Оре, Шведска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинзи на СДСМ во Берово и во Делчево
-
Митинзи на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш и во Струмица
-
20 години Меморијален центар на Холокаустот во Македонијa
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, експерт за комуникации
-
Концепт - Нула сообраќајни несреќи во Скопје ветува Ѓорѓевски
-
Филипче обвинува: Владата работи исклучиво за олигархијата
-
Активности на кандидатите за градоначалник на Чаир
-
Предизборни ветувања на кандидатите за градоначалник на Скопје