Шест илјади граѓани примени во Отворените денови на Катастарот
Повеќе од шест илјади граѓани се примени во рамки на акцијата „Заеднички отворени денови на Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно-правни работи“. На една третина веднаш им бил решен проблемот, а останатите добиле правен совет.
Оваа акција се спроведува од 15 септември 2015, а ќе трае до 15 февруари годинава. Стручните тимови на Катастарот и на Управата за имотно-правни работи досега посетија 30 одделенија низ државата. Освен во одделенијата за Катастар и Управата за имотно-правни работи досега се организирани средби со граѓаните од општина Сопиште, Драчево-Кисела Вода, Љубин-општина Сарај, Бардовци-општина Карпош...
Отворени денови денеска се реализираат во оштина Илинден, а граѓаните на едно место ќе можат да прашаат за нивните проблеми и за потребната документација.
Ново на Сител
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први