Шеснаесет жртви во автобуска несреќа на рускиот Далечен исток
Шестнаесет лица денеска загинаа во судир меѓу два меѓуградски автобуса во рускиот далекуисточен Хабаровски регион.
Меѓу жртвите има и едно дете, информира регионалната полиција, цитирана од ТАСС.
За време на судирот, што се случил на автопатот меѓу Хабаровск и Комсомолск на Амур, со двата автобуса патувале вкупно 72 лица - патници и двајцата возачи. Во болници е пренесено 21 лице, од кои шестмина се наоѓаат во исклучително тешка состојба.
Според извор од полицијата, во хаварисаните возила останале приближно 40 настрадани и спасувачите во моментов се обидуваат да ги извадат од нив.
Според првичните податоци, возачот на едниот автобус навлегол на спротивната коловозна лента. И двајцата возачи се преживеани. Утврдено е дека тие немале користено алкохол, додаде локалната управа на МВР.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот