Балкан
6. December 2017 - 11:29

Шешељ ги покажа наодите: Ова е доказ дека го победив ракот!

Лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, за српски Курир вели дека телефонот постојано му ѕвони откако изјавил дека го победил ракот на дебелото црево, но и двете  местази  кои биле појавени на црниот дроб. 
 
Како што пред два дена беше објавено, на последниот преглед скенерот покажал дека нема рак ниту метастаза, а Шешељ верува дека пеколната болест успеал да ја победи со специјален режим на исхрана. 
 
-Ми се јавуваат многу луѓе, дури ми оди да го променам телефонскиот број, но знам дека маката ги натерала и затоа сакам на секого да помогнам. На сите со ред им зборувам што користам од овошје и зеленчук, суплименти. Знаете, има и такви кои неверуваат кои зборуваат глупости дека болеста сум ја измислил. Па како можев да измислам  кога во Хаг ми извадија толку сантиметри црева? Таму сум опериран и таму ракот ми беше дијагностициран, вели Шешељ. 
 
Тој за Курир.рс го достави и својот последен резузултат на кој пишува дека нема рак. 
 
- Еве го ова и слободно објавете го , да видат луѓето дека тоа што го зборувам е вистина, вели тој.