Шекеринска, Спасовски и Шкријељ на Регионалната Социјалдемократска академија за женско лидерство

Во Скопје денеска почна регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство, на која учествуваат на жени лидерки од социјалдемократските партии и граѓански организации од Северна Македонија, Србија, Албанија, Грција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, информираат од Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС).
На Академијата воведни излагања имаа претставнички на Форумот на жени на СДСМ, проектната координаторка во ФЕС Нита Старова и претставничката од ФЕС Белград Ана Манојлович-Стакич.
Пратеничката Санела Шкријељ заедно со жените лидерки од регионот ќе дискутираат за состојбата со антиродовите движења во земјите во регионот и можностите за соработка и поддршка за прогресивните сили во справување со антиродовите наративи.
Утре потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе дебатираат на панелот „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“.
-Академијата го опфаќа и теоретскиот и практичкиот дел со интерактивни предавања, работилници, панел дискусии, обуки и групна работа. Целта е зајакнување на лидерските вештини кај жените социјалдемократки, поттикнување да направат правилен чекор и да го заземат своето место во заедниците кадешто се носат одлуките и политиките, затоа што резултатите покажуваат дека жените на клучни лидерски позиции работат многу помудро, подобро, со интегритет и емпатија правејќи позитивни промени за државата, информираат од ФЕС.
Регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, ФЕС Дијалог Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-

Портпаролката Марија Захарова го исмеа Бајден
-

Превземени мерки за случајот во Струмица, малолетници објавиле видео на „Тик ток“ како вршат насилство врз врсник
-

Најмалку шест лица загинаа во пожар во магацин за парфеми во Турција
-

Приведено едно лице од гостиварско, пронајдена дрога
-

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети
-

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
