Шекеринска на средби со граѓани во Лабуништа
Ќе градиме држава во која секој е важен. Во која секој граѓанин на Република Македонија, без разлика на етничката, верска или политичка припадност, ќе ги ужива сите права и ќе има шанса да гради живот овде, во Македонија, порача носителката на кандидатската листа во петтата изборна Единица Радмила Шекеринска на средбите со граѓаните во Лабуништа.
Така, додаде Шекеринска, ќе се стави точка на досегашната политика на поделби на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
- И Лабуништа и Струшко и цела Македонија, гледа како младите заминуваат од државата. Цели региони и цели села се прехрануваат со парите коишто ги добиваат од нашите иселеници. Ние имаме план како да направиме животот да е подобар во Република Македонија. Имаме план со кој ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да создаваат нови работни места, и за да обезбедуваат повисоки плат, рече Шекеринска.
На тој начин платите, стандардот ќе расте, потенцира, на тој начин ќе растат и пензиите, и на тој начин и младите и возрасните ќе одлучат да останат овде, а не да заминуваат.
Ново на Сител
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности
-
Преговори Русија-Украина, без Путин и Зеленски
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил