Шекеринска Јанкоска ја презеде функцијата министер за одбрана
Досегашниот министер за одбрана Зоран Јолевски денеска и ја предаде функцијата на новата министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанкоска.
Министерката Шекеринска Јанкоска пред присутните вработени во армијата и Министерството се обврза дека ќе се посвети на зајакнување на меѓународниот углед на позицијата на Македонија, односно на нејзината консензуално декларирана стратешка цел за членство во НАТО.
- Ќе се обврзам на неопходните реформи кои ќе ја зголемат нашата безбедност и ќе гарантираат професионална и ефикасна армија, нагласи Шекеринска Јанкоска.
Од лидер на јадранската група, рече таа, Македонија денеска е едниствената држава од таа група која се уште не е членка. Таа ги напомена и забавените реформски активности во НАТО контекстот но и најави дека тоа треба да се промени.
- Враќање на процесот на НАТО интеграцијата на врвот на приоритетите на Македонија ќе значи многу поотворен и транспарентен систем на менаџирање со персоналот и во армијата и во Министерството за одбрана, посочи таа и најави поголема професионализација и департизација и движење во кариера на припадниците на армијата кое ќе биде базирано на суштински стандарди.
Министерката рече дека од првиот ден ќе се посвети на подигнување на стандардите и условите во кои работат и функционираат сите припадници на армијата на Македонија и дека ќе работи државата да ги исплаќа навреме финансиските обврски кон нив.
Во обраќањето пред присутните Јолевски се осврна на досегашните постигнувања во одбраната во текот на неговиот мандат, како и на престојните предизвици во натамошниот развој на одбранбениот систем на Република Македонија.
Нагласи дека зајакнувањето на борбената готовност на Армијата била постојан приоритет на Министерството за одбрана и АРМ, но и дека ја завршиле трансформацијата на активната компонента на АРМ. Информира дека денес Армијата на Република Македонија е пополнета на ниво од 85 проценти со квалитетен воен и цивилен персонал и дека 27 отсто од персоналот на АРМ е од етничките заедници, а 8,5 проценти се жени.
Ново на Сител
-
Во руски напад со дронови врз автобус во Украина загинаа девет лица, четворица повредени
-
Најмногу дожд во Крушево
-
Црвен крст Центар домаќин на вториот регионален натпревар по прва помош
-
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
-
Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Русија и Белорусија планираат заеднички воени маневри
-
Над 15 000 ученици ќе полагаат државна матура, најголем интерес и годинава за тестот по англиски јазик
-
Променливо облачно, во западните делови повремен локален дожд