Шекеринска: Историски ден за Македонија
Македонија денеска го поправа тоа што го пропушти пред десет години, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред стартот на Самитот на НАТО во Брисел.
- Денеска е ден во кој можеме да го поправиме она што го испуштивме во 2008 година. Мислам дека дури и на денешните дискусии на министерско ниво за надворешни работи и одбрана и на премиерско ниво, стана јасно дека една од недвосмислено најпозитивните одлуки на овој самит ќе биде поканата што ќе ја добие Македонија, рече Шекеринска пред новинарите во Брисел.
Како што јави дописничката на МИА, Шекеринска посочи дека ова е историски ден за Македонија, но важен е и за НАТО.
- Денеска сите ја искористија можноста да и честитаат на Македонија за огромниот пробив и целиот аудиториум не награди со аплауз зашто се свесни дека ова е историски ден за Македонија, но важен е и за НАТО, рече министерката Шекеринска.
Таа е уверена и дека референдумот во Македонија ќе биде успешен
Ново на Сител
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
-

Андоновска: СДС да се дистанцирта од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
