Шефот на кабинетот на Меркел тврди дека таа е добро и планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на канцеларката Ангела Меркел е добро и планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во коалиција со сојузниците од Социјалдемократската партија, изјави денеска шефот на нејзиниот кабинет Хелге Браун.
Меркел, која наполни 65 години, последните недели неколку пати се тресеше на јавни церемонии, што предизвика шпекулации за нејзината здравствена состојба, а таа инсистираше на тоа дека е добро.
Браун рече дека здравјето на канцеларката е добро и оти е способна да го одработи целиот мандат, до сојузните избори закажани за 21 октомври 2021 година.
Поради состојбата на Меркел на неколку церемонии, јавноста почна да се прашува дали социјалдемократите ќе се повлечат од владејачката коалиција, која многу членови на партијата сакаат да ја напуштат.
Браун сепак очекува социјалдемократите да останат во коалиција со конзервативниот блок на Ангела Меркел, Христијанско-демократската унија.
Ново на Сител
-

Опозицијата бара анкетна комисија за Кочани
-

Стопанска комора: По примерот на дуалното образование да се реформира и високото
-

Почеток на национална кампања „1 до 5 - стоп за сексуалното насилство врз деца“
-

Доделени клучеви за вселување во типските куќи во Штип
-

Општина Ново Село започнува проект за дигитализација на сите општински услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Предлог-буџетот утре на амандмантска расправа
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
