Шефот на државата не гледа проблем во одложувањето на изборите
Не гледам проблем да се одложат изборите, впрочем мислам дека јавноста е веќе информирана утре во 12 часот ќе има лидерска средба со една единствена точка на дневниот ред во контекст на ова што ни се случува и нам и на сите во регионот и на сите во светот практично, да се одложат изборите. Денеска со официјален допис мониторинг мисијата на ОБСЕ, ОДИХР ја откажа таа своја мисија и за два до три дена и физички се повлекува од државата, истакна вечерва претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност на Република Македонија.
Прогласувањето на вонредна или еве сега на кризна состојба да кажеме на целата територија, посочи претседателот, нема никаква корелација со одржување избори во правна смисла, во политичка да, меѓутоа не во правна смисла.
– Во Франција вчера, завчера имаше локални избори, одѕивот беше драстично помал од минатите локални избори, меѓутоа одржаа прв круг локални избори. Ова сакам да потсетам само, без да биде прогласена каква било кризна состојба во која било општина, а не па на целата територија, значи без каков било проблем од тој тип ние во 2015 два пати ги одложувавме изборите. И Собранието се враќаше еднаш, ја поништуваше својата сопствена одлука и закажуваше нов датум на избори.Таков правен преседан да го наречам се случувал и тоа во време кога немавме пандемија, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Советот за безбедност околу изборите на 12 април.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари