Шефот на „Бионтек“ демантира дека се доцни со производството на вакцини
Шефот на германската фармацевтска компанија „Бионтек“, која со американската компанија Фајзер разви вакцина против коронавирусот, Угор Сахин негираше дека се доцни со производството на вакцината.
– Што се однесува до производството, ние сме скоро според планот, нагласи Сахин во изјавата за германската телевизија АРД.
Тој посочи дека впечатокот дека производството на вакцината доцни е де факто неточен, наведувајќи дека процесите потребни за зголемување на производството бараат време.
Пред две недели, Бионтек информираше дека привремено ќе испорачува помали количини вакцини со цел да ги прошири производствените капацитети и да го прилагоди производството.
Сахин вели дека Бионтек сега е во ситуација да може да произведе повеќе отколку што беше предвидено со плановите од крајот на минатата година.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека