Шаленберг: Членството на Македонија во ЕУ за нас е стратешки интерес
За нас целосното членство на Македонија и Албанија, но и сите земји на Блаканот е наш стратешки интерес. Тоа е наше непосредно соседство, во политичка, културна и економска смисла. Ние имаме половина милион граѓани во Австрија со семејно потекло од Западниот Балкан, па така имаме многу силни човечки врски меѓу нас, рече на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг.
Австрија, вели тој, беше горда што можеше да биде заедно со нас во Европската Комисија и што можеше да му помогне на регионот во механизмот за делење на вакцини со првата пратка на „Фајзер“, затоа што, како што рече, тоа е тоа што беше споменато „во случај на потреба, секогаш може да сметате на вашите партнери во ЕУ“.
– Нашата цел и целта на следното претседателство е да ве задржиме јасно на патот кон ЕУ. Се разбира, европското обединување не е целосно се додека сите земји од Западен Балкан не станат членка на ЕУ. Сите знаеме дека има важни билатерални прашања. Ние сметаме дека билтералните прашања не треба да го блокираат процесот на пристапување, но мислам дека сите се согласуваме дека мора да се справуваме со прашањата и затоа целосно ги поддржуваме напорите на португалското претседателство, заедно со министрите овде и во Софија и целосно ги поддржуваме напорите на следното словенечко претседателство кое ќе се одржи есента, многу важен самит за Западниот Балкан, рече Шаленберг.
Додаде дека не смее да се губи повеќе време и порача да се обидат 2021 година да не биде целосно изгубена.
На прашање дали се фрустрирани 16 години да ги испраќаат истите поддршки, Шаленберг нагласи дека нештата се во голема мерка променети.
– Нештата навистина се променети, затоа што сега зборуваме за конкретен датум за отворање на Меѓувладината конференција за започнување на преговорите. Така што, постои драматичен напредок. Ова е сега клучно време, клучен момент ве молам разберете дека не сакам да навлегувам во детали, ова е тековен процес но навистина го поддржувам се што како предлог го стави на маса португалското претседателство, рече Шаленберг, повикувајќи ги сите да намалат со емоциите и реториката, оти, како што рече, тоа нема да помогне.
На прес-конференцијата што се одржа во Министерството за надворешни работи во Скопје, се обратија и министрите за надворешни работи на Македонија, Словенија и Чешка, Бујар Османи, Анже Логар и Јакуб Кулханек.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност