Шаќири: Во понеделник или вторник ќе имаме конечен договор со СОНК
Министерот за образование, Јетон Шаќири попладнево информираше дека продолжиле разговорите со СОНК околу платите на наставниците.
-На почетокот од наредната недела, понеделник или вторник ќе имаме конечен договор. Позитивно е што се отворија многу дискусии и околу колективните договори и мислам дека ќе имаме нов колективен договор. Вака ќе продолжиме и после преговорите со СОНК, рече министерот пред новинарите.
Според него, ставовите се доближуваат.
-Се разгледуваат сите можности. Ние имаме добра волја за изнаоѓање решение. Знаеме во која фаза сме за реализација и подготвка на буџет. Многу блиску сме до решение. Не сакам да спомнувам процент. Сакам ова да е последен штрајк со прекин на настава, кажа Шаќири.
-Разговаравме и за другиот дел на процентот. Условите во оваа година и другата да бидат подобри за тие што работат во образованието, додаде министерот.
Ново на Сител
-
Филипче повика на уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека е апсурдно да зборува за ЕУ
-
Меџити: Таравари да одлучи или со нас во Влада, или е со ДУИ
-
Почнаа преговорите со САД за намалување на високите царини кои ни ги наметна Трамп
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично