-->
-->
Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица
-->
Од денеска до 29. овој месец во хотелот „Метропол“ во Охрид ќе се одржува 15-та Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица.
Олимпијадата е во организација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, во соработка со Националната спортска федерација на слепите на Македонија и Меѓународната Брајова Шаховска Федерација (ИБЦА), под генерално покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и претседателот на Република Македонија.
На Шаховската олимпијада ќе земат учество репрезентации од Македонија, Косово, Данска, Холандија, Украина, Обединетото Кралство, Јужна Африка, Шпанија, Италија, Словенија, Унгарија, Полска, Шведска, Романија, Србија, Хрватска, Бугарија, Литванија, Турција, Русија, Азербеџан, Индија, Молдавија, Грција, Германија, Црна Гора.
Ќе се игра девет кола по Шавајцарски систем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик