Loading Video...
Спорт плус
8. November 2019 - 14:09

Шахистите на Алкалоид подготвени за настап на Европскиот Клупски Куп

Македонскиот шаховски екипен првак „Алкалоид“ ќе настапи на претстојниот Европскиот Клупски Куп, што ќе се одржува во Улцињ, Црна Гора, почнувајќи од недела 10-то ноември, па во наредните шест дена (до 16 ноември). 

На Европскиот Куп годинава се пријавени досега најголем број учесници и тоа 67 екипи во машка и 14 во женска конкуренција. 

Иако составот на Алкалоид година ќе биде видно изменет во однос на претходната година, но и засилен со неколку интернационални имиња, цел и годинава е борба за највисок пласман, односно обид да се повтори настапот од претходните три години.

Потсетување дека, најнапред шахистите на Алкалоид во 2016-тата ја освоија европската титула во Нови Сад, па во 2017-тата во Анталија, беа вице-шампиони, а минатата 2018 година завршија на делба од трето до шесто место.