Северна Македонија и Србија ја унапредуваат соработката, посебен акцент е ставен на инфраструктурното поврзување

Меморандумот за соработка меѓу владите на Северна Македонија и на Србија, што денеска беше потпишан во Скопје, е петгодишен и стапува во сила веднаш.
Станува збор за Меморандум со кој ќе се унапреди комуникацијата меѓу институциите и приватниот сектор, ќе се координираат економските политики, а посебен акцент ќе биде ставен на инфраструктурното поврзување и соработката на проекти од заеднички интерес како што е модернизацијата на железничката и патната инфраструктура.
Меморандумот го потпишаа заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и српската потпретседателка на Владата и министерка за економија Андријана Месаровиќ.
- Со денешното потпишување, Меморандумот кој веднаш стапува во сила и останува важечки пет години, ја потврдува јасната политичка волја и заедничката определба на двете влади за интензивирање на економската соработка и отворање нови можности за бизнис-заедниците, велат од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците.
Меморандумот беше потпишан непосредно пред одржувањето на денешниот македонско-српски бизнис форум што се одржува во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Годишна конференција на МАСИТ
-

Македонско српски бизнис форум во Скопје
-

Револт, тактизирање, мала динамика на откуп и празни ваги - почетокот на откупот на тутунот започнува тензично
-

Време е да ги надминеме предрасудите кон лицата со попреченост , порачаа од здружението ,,Вера,, од Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
