Северна Македонија и Австрија одбележаа 25 години од воспоставувањето дипломатски односи

„Почетоците на Австриската дипломатија во Северна Македонија – со посебен осврт на Австриско – унгарски конзулат во Битола/Монастир 1851-1919“ денеска беше промовирана на Филозофскиот факултет – Скопје. Со тоа беше одбележана 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Австрија и Република Северна Македонија.
На промоцијата на книгата се обратија министерот за надворешни работи Никола Димитров, австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Никола Јанкуловки.
Димитров соопшти дека уште од осамостојувањето на нашата држава Австрија е наш поддржувач и близок пријател. Соработката за Северна Македонија, како што рече, продолжува и денес, а ние сме благодарни за австриската поддршка.
– Двете држави континуирано градат релации на пријателство и партнерство, почнувајќи од 23 декември 1994 година. Гледајќи наназд во изминатите 25 години, можеме да бидеме горди на успехот што го постигнавме заедно во развојот на нашите односи и нашата соработка, изјави Димитров. Додаде дека може да бидеме задоволни од соработката во многу области, како политика, економија, одбрана и безбедност, култура…
Министерот Димитров нагласи дека Австрија е една од земјите со која имаме плодна билатерална соработка и многу интезивен политички дијалог. Потсети дека Австрија претставува еден од најголемите економски партнери на нашата земја.
Потсети на присуството на австриските компании на македонскиот пазар, како и на бројните културни настани што изминатите 25 години се одржале во двете земји.
![]()
Ректорот Јанкуловски се осврна на соработката на двете земји во високото образование во изминатите 25 години, додавајќи дека разменувале идеи и знаење на различни теми. Потенцира дека за УКИМ е приоритет соработката во високото образование и науката со многу факултети и институти од Австрија.
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
