-->
-->
Северна Кореја лансираше балистичка ракета
-->
Северна Кореја истрела најмалку една балистичка ракета во близина на нејзиниот источен брег, соопштија началниците на здружениот генералштаб на Јужна Кореја и крајбрежната стража на Јапонија.
Тоа се случи само неколку часа пред севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се сретне со Владимир Путин во Русија. Не се наведени детали за големината или дострелот на проектилот.
Но, околу пет минути по предупредувањето за лансирање, јапонската крајбрежна стража соопшти дека проектилот паднал.
Нуклеарно вооружената Северна Кореја редовно лансира секакви ракети, од ракети со краток дострел и крстаречки проектили до интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ) кои можат да достигнат до САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Се санираат штетите од вчерашниот дефект во Влае кој го остави Скопје без вода
-
СДСМ денеска во Илинден, Петровец, Карпош и Центар
-
ВМРО ДПМНЕ денеска во Македонски Брод и Кичево
-
Османи најавува проекти за развој на спортот во Чаир
-
Меџити го претстави мастер планот за развој на Чаир
-
Злоупотреба на општински ресурси, опрема, возила и простории за партиски цели и за овие избори
-
Фон Дер Лајен следната недела во Скопје, Австрија и Словенија ќе се залагаат за квалификувано мнозинство