Северна Кореја истрела балистички ракети
Северна Кореја истрела балистички ракети од нејзиниот источен брег, соопшти денеска војската на Јужна Кореја, што е најнов во серијата тестови на оружје додека Сеул и САД ги спроведуваат своите најголеми заеднички воени вежби во последните неколку години.
Јужнокорејската војска прецизираше дека станува збор за две балистички ракети со краток дострел.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека Јапонија собира информации и оти не е потврдена некаква штета поврзана со лансирањето.
Два дена претходно, Северна Кореја тестираше, како што наведе Пјонгјанг, две стратешки крстосувачки ракети од подморница, додека пред една недела севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и нареди на војската да ги засили вежбите со цел да се одврати и да одговори на „вистинска војна“ доколку е потребно.
Јужнокорејските и американските сили вчера почнаа 11-дневни масовни заеднички воени вежби „Штитот на слободата 23“ за да се спротивстават на растечката закана од Северна Кореја.
Пјонгјанг ги критикува воените вежби на сојузниците како проба за инвазија.
Ново на Сител
-
18 прекршоци за неисправност и непочитување на пловилата
-
Матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите добиваат повеќе пари
-
Меџити: Само Таравари гледа можност за соработка со ДУИ
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
Априлски снег во Охрид
-
Пензионерите против враќањето на старата методологија за пресметка на пензиите
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател