-->
-->
Сеул: Северна Кореја и САД треба да почнат дијалог
-->
Северна Кореја и САД треба да почнат дијалог за намалување на тензиите, изјави Чунг Еуи-јонг, советник на јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин, во интервју за весникот „Асахи“.
- Доколку САД не се откажат од непријателската политика нема да има никаков одговор од Северна Кореја за преговорите за ракетната и нуклеарната програма. Северна Кореја и САД не треба взаемно да се провоцираат туку да почнат дијалог, посочи Чунг.
Вашингтон и Пјонгјанг во текот на неделата повеќе пати разменија вербални закани, по што Северна Кореја соопшти дека подготвува план за ракетен напад врз американската тихоокеанска територија, островот Гуам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има