Серафимовска: Бараме укинување на државната матура за учебната 2019/2020
Во ек на светска пандемија и целосна блокираност на образовниот систем, македонската влада импровизира и си игра со иднината на илјадници ученици.
ВМРО-ДПМНЕ веќе една недела алармира за потребите од итни мерки за наставно образовниот процес, а власта не презема ништо.
Немаме време за импровизации. Иднината на илјадници ученици зависи од одлуките што ќе бидат донесени во наредните неколку дена.
ВМРО-ДПМНЕ бара итно укинување на државната матура за учебната 2019/2020 година за сите ученици. Донесување Уредба со која ќе се овозможи запишување на факултет без матура за сите ученици кои завршиле средно образование во оваа учебна година.
Оние ученици кои заради понатамошниот образовен процес, надвор од Република Македонија имаат потреба од полагање на матура, истото да можат да го сторат во септември.
Учениците не смеат да бидат жртви на непромисленоста на Владата.
Очекуваме итно укинување на матурата. Учениците пред се.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии