Семејството на Оливер Драгојевиќ со предупредување до оние кои сакаат да заработат од неговото име
Семејството на Оливер Драгојевиќ им се обрати на сите оние што се обидуваат да заработат злоупотребувајќи го името на хрватската музичка легенда.
– Семејството на Оливер Драгојевиќ со ова се обраќа до јавноста, како и до сите што во негова чест сакаат да организираат какви било настани во негово име и уметничкото творештво да го користат за свои цели. Законот за заштита на личните податоци на Европската Унија го штити поединецот во врска со слободниот пренос на такви податоци и секое неовластено користење и обработка на личните податоци се смета за противправно, се вели во соопштението објавено и на Фејсбук.
Посебно се нагласува тенденцијата за користење на името на Драгојевиќ во комерцијални цели.
– Љубезно ве замолуваме личните податоци на господин Оливер Драгојевиќ, посебно неговото име, да не го користите за промоција, маркетинг, концерти, приредби и слични настани, без претходно писмено одобрение од неговото семејство, бидејќи уметничката вредност на неговото име е и неизоставен дел, како од нас самите така и од севкупното хрватско музичко наследство, се додава во објавата.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството