Семејства на израелските заложници го поздравија договорот за нивно враќање
Семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас го поздравија договорот за нивно ослободување, опишувајќи го како „важен и значаен чекор напред“ кон враќање на сите заробени дома.
Во соопштение на платформата X, Форумот на семејствата на заложниците изјави дека договорот ќе овозможи живите заложници да се обединат со своите семејства, а телата на починатите да бидат вратени за достоен погреб во Израел.
-Ова претставува важен и значаен напредок кон тоа сите да се вратат дома, но нашата борба не е завршена и нема да заврши додека последниот заложник не се врати, се вели во соопштението.
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Израел и Хамас се договориле за првата фаза од неговиот мировен план. Семејствата му изразија благодарност на Трамп и неговиот тим, истакнувајќи ја нивната „лидерска улога и решителност“ во постигнувањето на она што го нарекоа историски пробив.
Во Појасот Газа сè уште се држат околу 48 заложници, а според израелски извештаи, 20 од нив сè уште се живи.
Форумот нагласи дека израелската влада мора веднаш да се состане за да го одобри договорот, предупредувајќи дека секое одложување може да има тешки последици за заложниците и израелските војници.
-Нашата морална и национална обврска е да ги вратиме сите дома – и живите и починатите. Нивното враќање е клучно за закрепнувањето и обновувата на израелското општество во целина. Нема да се одмориме додека последниот заложник не се врати дома, стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски очекува победа уште во првиот круг од изборите
-
Кратово домаќин на меѓународен научен симпозиум и етно филм фестивал
-
Кадарот и возилата болна точка за пожарникарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартуваше интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево
-
„Топката е кај вас, ЕУ е подготвена“, вели Фон дер Лајен по средбите со Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Гаши
-
Тема на денот со кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски(ЗНАМ)