Семејно недоразбирање причина за тројното убиство Скопје
Утрово околу 10 часот Ш.С.(48) од село Глумово со пиштол извршил убиство на три лица, а едно лице е рането и е пренесено на лекување на скопските клиники, информира МВР во второто соопштение за овој настан.
Сторителот пукал во три лица на улица „П.Гиновски“ во скопската населба Ѓорче Петров. Од нив две починале, М.С. (33) и А.С. (20), двајцата од Глумово, а третото лице, чиј идентитет сѐ уште е непознат, е рането и е пренесено на болничко лекување.
После тоа, Ш.С. заминал во Глумово каде го убил и лицето А.Б.С. (56). После тоа сторителот заминал од местото, а при обид да биде приведен од полициски службеници од единицата Алфа, тој извршил самоубиство.
При вршење увид покрај него бил пронајден пиштол „астра А-80“, кој е подигнат за вештачење.
Според првичните информации од истрагата причина за немилиот настан се семејни недоразбирања. Сторителот, тројцата убиени и повреденото лице се членови на едно семејство, соопшти попладнево МВР.
Ново на Сител
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство