Семакедонски православен христијански собор во Велес
Во Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Велес денеска на празникот на Сите македонски светители ќе биде одржан традиционалниот Семакедонски православен христијански собор.
Со Светата архиерејска литургија, која ќе започне во 8:45 часот ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, во сослужение на архиереите на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на бројно македонско православно свештенство.
Семакедонскиот црковно-народен собор, почнувајќи од 1998 година, веќе дваесет и седум години се одржува во првата недела од месец октомври, период во кој се има случено еден од најважните настани за МПЦ-ОА. Во 1958 година, од 4 до 6 октомври, во катедралниот храм на „Света Софија“ во Охрид е одржан Вториот црковно-народен собор, на кој е донесена Одлуката за возобновување на Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Токму во чест и спомен на овој историски настан Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА го има востановено чествувањето на празникот на Сите македонски светители.
МИА
Ново на Сител
-
Од булевари и подземни улици до социјални мерки - Ветувања на кандидатите за градоначалници на Скопје
-
Локални избори 2025
-
Изборна кампања
-
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ, останува без можност за платено рекламирање за изборите
-
Онлајн купувањето станува поскапо - 18% ДДВ и за нарачките под 22 евра
-
Одземени 46 концесии за рудници и активирани 4 банкарски гаранции за фотоволтаици
-
Орце Ѓеоргиевски најавува пуштање на подземната сообраќајница во центарот на Скопје
-
Шукова најавува отворање на младински центри по примерот на големите светски метрополи