-->
-->
Семакедонска Илинденска средба - Трново 2016
-->
Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“ и Светскиот Македонски Конгрес, и годинава се организатори на денешната Четириесет и петта Светска Македонска Иселеничка Средба и на Триесет и шестта Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како една и единствена Семакедонска Средба Трново 2016.
Главен покровител на Семакедонската средба во Трново е градоначалникот на општината Битола и таа е дел од Програмата за култура на општина Битола со одлука на Советот на општината во 2014 година.
Семакедонската средба Трново 2016, ќе се одржи во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново со почеток во 11:00 до 13:00 часот.
Присутните ќе ги поздрават Иван Џо Петрески претседател на Матицата на иселениците од Македонија, Силвана Ангелевска претседател на Советот на општина Битола, Христо Гаков претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола, Ташко Јованов претседател на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Васко Наумовски пратеник во Собранието на Република Македонија. Од име на Владата се очекува присутните да ги поздрави вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски.
Во името на организаторите на Семакедонската средба, претседателот на СМК, Тодор Петров ќе прочита Семакедонска Илинденска Декларација во која се апелира на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата.
- Во Семакедонската Илинденска Декларација од името на Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет се бара безусловен крај на разговорите за разликата во државното име со Владата во Атина, продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, македонско државјанство за Македонците по потекло во светот и враќање на државјанствата, граѓанските права и имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 и Граѓанската војна во Грција 1946-1949, се наведува во соопштението од СМК.
Програмата ќе продолжи со богата културно-уметничка програма и општонародна веселба. со настап на културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола и Македонското културно уметничко друштво од село Љаски, општина „Гоце Делчев“ од Пиринскиот дел на Македонија, поетесата Виолета Сековска со рецитација за Македонија, а ќе пеат и реномирани естрадни уметници.
Општината Битола организира вонредна автобуска линија Битола-Трново и назад, а од организаторите на манифестацијата обезбеден е автобуски превоз од цела Македонија за Трново и назад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија
-
Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија
-
Таксист полово нападнал патничка - компанијата го отпуштила од работа
-
Пронајдена дрога кај затвореник во Идризово
-
Кривична за 33-годишник кој нападнал две деца
-
Нетанјаху повторно пред судот во Тел Авив за случаите на корупција, неговите министри бараат помилување
-
КАМ со македонска музика и локални производи прослави три децении јубилеј
-
Меџити: Го остваривме ветувањето кон жителите на Батинци, започна изградбата на оградата околу депонијата „Дрисла“