Селото Наколец доби опрема за подобрување на водоснабдителниот систем
Преспанското село Наколец доби опрема од црева, хидранти и други приклучни елементи за подобрување на водоснабдителниот систем.
Опремата на Месната заедница и ја предаде градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски, кој информираше дека се работи за три и пол километри црева со кои треба да се замени главниот цевковод, приклучни елементи и неколку хидранти за регулација на воздушниот притисок.
Целта на проектот, кој го реализира општината, финансиран преку преку проектот за заштита на Преспанското Езеро од програмата на УНДП, е подобрување на водоснабдувањето за околу 140 домаќинства или над 500 жители во Наколец.
- Реализацијата ќе овозможи подобрување на водоснабдувањето и елиминирање на проблемот со загубите на вода, што досега го имаа жителите на Наколец и подобрување на квалитетот на водата за пиење. Ќе овозможи и намалување на притисокот врз Преспанското езеро од многуте загадувачи и искористување на природните ресурси и нивна заштита. За подобрување на водоснабдителниот систем во Наколец обезбедени се околу еден милион денари, преку проектот за заштита на Преспанското Езеро, изјави Стрезовски.
Месната заедница Наколец, според претседателот Гзим Сулејмани, директно е вклучена со обезбедување ископ и поставување на опремата.
- Селото наскоро ќе добие реконструиран водоснабдителен систем со кој и во иднина ќе управува Месната заедница. Досега имавме големи загуби на водата, но со новата опрема и реконструкцијата на водоснабдителниот систем, ќе има поставено шибери што ќе овозможат запирање и при дефекти да не мора целото село да останува без вода, рече Сулејмани.
Во селото Наколец неодамна беше реализиран проект за изградба на фекална канализација и пречистителна станица
Проектот „Заштита на Преспанското Езеро“, кој е дел од Програмата за мали инфраструктурни грантови што општина Ресен и УНДП ги спроведуваат опфаќа 11 проекти со вредност од околу 220.000 долари наменети за месни и урбани заедници кои преку помали инфраструктурни проекти треба да придонесат за намалување на заканите со кои се соочува Преспанското Езеро.
Ново на Сител
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер
-
Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење