-->
-->
Селин Дион го замолкна дрскиот новинар
-->

Славната пејачка Селин Дион, чиј сопруг Рене Анжелил минатата година почина на една канадска телевизиска емисија ја претставувала својата нова колекција на чанти и модни додатоци, кога еден новинар и го поставил секогаш најважното прашање – што има на љубовен план.
Дион со сјајна и брза реакција ги воодушевила сите гледачи.
“Сакав да прашам за вашиот приватен живот”, рекол во еден момент новинарот, притоа додавајќи: “Сега е тоа за вас цел нов свет, сингл жена сте. Како е животот?”
Без момент на размислување, Дион му упатила сериозен поглед и возвратила со прашањето: “Дали тоа вие ме поканувате на состанок?”
Публиката во студиото почнала воодушевено да ракоплеска, а Селин продолжила, пеејќи го рефренот на песната “Diamonds” од Ријана.
Новинарот се насмевнал, велејки дека е подготвен да ја однесе на состанок. Прашањето било сосема неумесно со оглед на тоа дека Дион пред тоа зборувала како се чувствува поради загубата на својот маж Рене.
Селин и Рене се венчале во 1994. година во базиликата Нотр-Дам во Монтреал, во која беше одржано и последното негово испраќање. Пејачката со Рене има три сина, 15-годишниот Рене-Чарлс и петгодишните близнаци Нелсон и Еди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”