-->
-->
Селекцијата во таеквондо на СП во Канада
-->

Нашите најдобри таеквандо борци до 17 години од петок настапуваат на Светското првенство во Бернаби – Канада. По тој повод денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција, на која беше претставен тимот и очекувањата од претстојниот настап. Директорот на Агенцијата Марјан Спасески потенцираше дека овој олимписки спорт е во постојан подем, за што зборуваат резултатите од последни првенства од кои Македонските надежи редовно се враќаат со медали. Двајца од тројцата натпреварувачи се веќе носители на златни медали од Балканските првенства, што укажува дека имаме значаен потенцијал за остварување на врвни спортски резултати и од натпревар од повисок ранг. Во таа насока Агенцијата во континуитет дава поддршка на Таеквандо репрезентацијата на Македонија. Согласно меѓународната програма за настапи и развој на стручни кадри за 2016 година се префрлени 900 000 денари од кои 300 000 денари за настапот на нашите репрезентативци во Канада.
На пресот свое излагање имаше и тренерот на Македонската репрезентација до 17 години Дарко Костовски кој изрази голема благодарност за несебичната поддршка која Агенцијата ја дава за развој на таеквондо спортот во Република Македонија и даде уверување дека постои потенцијал во овој олимписки спорт. Македонската репрезентација ќе настапи со тројца натпреварувачи и тоа Иван Крстевски во категорија -59 кг, Филип Додевски – 73 кг и Дејан Георгиевски +78 кг. Со оглед на фактот дека е ова прво учество на Светско првенство очекувањата мора да бидат во границата на реалност, иако квалитетот на нашите натпреварувачи може позитивно да изненади и покрај фактот дека настапуваат 800 натпреварувачи од 100 држави во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
