Секоја година, 5.200 тони вселенски прав паѓаат на Земјата
Веќе некое време луѓето знаат дека вселенска прашина постојано паѓа на Земјата, но со оглед на нејзината микроскопска големина, беше тешко точно да се утврди – во кои количини?
Имено, честичките на тн. „вселенски прав“ (микрометеорити) не се поголеми од милиметар и потекнуваат од астероиди и комети. Меѓународен тим научници, по две десетлетија собирање и проучување на овие честички од Антарктикот, успеа да ја утврди нивната годишна количина. Просечно околу 5.200 тони вселенски честички помали од 700 микрометри, велат тие, годишно паѓаат на нашата планета.
Антарктикот, односно истражувачката станица Конкордија е главен центар за нивно идентификување. Во шест експедиции овие 20 години, стручњаците идентификувале 1.280 нерастворени микрометеорити и 808 вида стопена вселенска карпа со маса помала од 350 микрограми, што им овозможува на научниците да ја пресметаат брзината со којашто овие честички паѓаат на површината.
Потоа тие ја анализирале и густината на честичките прав за да го утврдат нивното потекло. Помалата густина и поголема порозност посочуваат дека прашината е од комета, а поголемата густина и помала порозност – од метеорити.
Науката откри и дека приближно 80 отсто од вселенската прашина на Земјата доаѓа од комети.
Според моделите на научниците, вкупната маса на вселенската прашина пред да влезе во атмосферата е околу 15.000 тони. Тоа ќе рече оти многу повеќе од овие честички стигнуваат до нашата атмосфера отколку до почвата. Причината за ова отстапување не е јасна, но постојат неколку можности. Една хипотеза вели дека сѐ уште не сме успеале да откриеме значителен дел од вселенската прашина, а друга – дека дел од таа прашина се губи пред да влезе во атмосферата. Третата претпоставка говори дека има многу помалку прашина во Вселената, отколку што покажуваат моделите.
Истражувањето на Антарктикот, насловено како „The micrometeorite flux at Dome C“ има за цел следење на вонземскиот прав на Земјата, и е објавено во списанијата „Ерт“ и „Планетари сајенс летерс“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот