-->
-->
Седумгодишно дете загина во руски напади во областа Запорожје
-->
Седумгодишно дете загина, а три лица се ранети во синоќешните руски напади во областа Запорожје во централна Украина, додека девет лица се повредени во Киев, соопштија украинските власти.
Киев синоќа беше цел на голем руски напад, по што источниот дел од главниот град на Украина остана без електрична енергија.
Министерството за енергетика соопшти дека низ целата земја „Русите нанесуваат масовни удари врз украинската енергетска инфраструктура“.
Украинското воено воздухопловство на Телеграм информира за „напад со непријателски балистички ракети и масовен напад со дронови“, повикувајќи го населението да остане во засолништа.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Преглед на вестите од светот
-
Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
-
Мицкоски: Историски инвестиции во општините
-
Филипче: Власта ги понижи лозарите
-
Ѓорѓиевски: Нов здравствен дом во Кисела Вода