Седум нови случаи на коронавирус во Србија, вкупно 31 заболени
Во Србија од утрово се регистрирани уште седум нови случаи на инфекција со коронавирус, така што вкупниот број заразени сега е 31, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, од 29 тестирани случаи, седум биле позитивни, а 22 се негативни на новиот коронавирус.
Епидемиологот Зоран Радовановиќ изјави дека бројот на заразени е само „врв на ледениот брег, и сигурно е дека има многу повеќе заразени“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во вонредното обраѓање до јавноста изјави дека Србија во моментов има 1.008 респиратори и дека за 25 дена ќе се набават уште 500 респиратори затоа што „е побарано да се подготвиме за најлошото сценарио“. Тој најави дека платите за сите здравствени работници ќе бидат зголемени за 10 проценти од 1 април.
Од пред два дена во Србија забранети се сите јавни собири за над 100 луѓе во затворени простории, 44 помали гранични премини се затворени, забранети е влез за странски државјани кои доаѓаат од жариштатат на коронавирусот, но образовните институции се уште работат.
На денешната седница на српската влада ќе се формираат два кризни штаба – едниот за сузбивање на коронавирусот, а другиот за отстранување на ефектите врз економијата, изјави премиерката Ана Брнабиќ.
Ново на Сител
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска