Седници на три собраниски комисии и на Буџетскиот совет
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат собранискиот Буџетски совет и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Буџетски совет се Предлог-стратешкииот план на Собранието за периодот 2017-2019 и Предлог - буџетското барање на Собранието за 2017 година.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка - второ читање е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе дискутираат за Предлог-законот за изменување на Законот за државниот испитен центар, по скратена постапка - второ читање, поднесен од група пратеници и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спортска академија, по скратена постапка - второ читање.
Законодавно-правната комисија ќе расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за државниот испитен центар, по скратена постапка - второ читање, поднесен од група пратеници.
На дневниот ред се и предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за спортска академија и на Законот за административни службеници, двата по скратена постапка - второ читање и Барањето за давање автентично толкување на член 8, став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, поднесено од пратеникот Џеват Адеми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот