Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на комисиите за здравство, за одбрана и безбедност, на Националниот совет за евроинтеграции и на Законодавно-правната комисија.
Комисијата за здравство треба да ги разгледа предлог-законите за слободните здравствени зони и за Центар за извонредност за трансплантациска медицина и хируршки болести, во второ, односно прво читање, а Комисијата за одбрана и безбедност Предлог-законот за изменување на Законот за полиција, во прво читање.
Во рамки на седницата на Националниот совет за евроинтеграции треба да се одржи јавна расправа на тема „Улогата на граѓанскиот сектор во процесот на европска интеграција на Република Македонија.
Законодавно-правната комисија, пак, ќе одржи две седници на кои меѓу останатите точки, се предлог - законите за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, за изменување на законите за високото образование, за основното образование, за средното образование, за Академијата за наставници, за образование на возрасните..... како и закони од повеќе други области.
Ново на Сител
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња