Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за одбрана и за безбедност и за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите. Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за надворешна политика е Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги кон Договорот за изменување и пристапување на Централноевропскиот договор за слободна трговија.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе се изјаснат за Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „ЕUТМ RCA“ во Централна Африканска Република, како и за Предлог-закон за изменување на Законот за приватно обезбедување, во второ читање.
Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите ќе го разгледува Предлог Упатството за начинот и постапката за вршење на надзор над мерките за следење на комуникациите и ќе изврши административна проверка на пријавите од Јавниот повик за ангажирање на двајца технички експерти за постојана поддршка.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата