Македонија
7. August 2017 - 8:32

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за здравство, за култура, за труд и социјална политика и за прашања на изборите и именувањата.

Пред Комисијата за здравство е Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка во второ читање, поднесен од група пратеници, додека пред Комисијата за култура Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за културата по скратена постапка, исто така во второ читање.

Комисијата за труд организира јавна расправа за Предлог-нацрт на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година и Предлог-нацртот на Националниот акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година.

Членовите на Комисијата за избори и именувања, пак, ќе утврдуваат одлуки за резрешување на заменик-генералниот секретар на Собарнието на Република Македонија, за основање пратенички групи за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави, за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа,...