Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт
Собраниската Комисија за образование, наука и спорт на денешната седница констатира дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард е прифатлив и може да се даде на натамошно, второ читање.
Образложувајќи го текстот, заменик-министерот за образование, наука и спорт Спиро Ристовски информира дека се работи за туторството и донесувањето посебни програми за туторство во основно и во средно образование, со кои, како што рече, треба да им се помогне на дел од учениците кои имаат потреба од дополнителна настава.
Ристовски рече дека туторството ќе го реализираат студенти кои имаат исклучителни постигнувања во соодветниот наставен предмет или на сродниот факултет. Студентите потребно е да имаат најмалку просек 8 и да пројават интерес, пријавувајќи се на апликација за да бидат тутори. Студентите потоа треба да бидат избрани од родителите, кои ќе имаат целосен надзор на процесот на обука и туторство врз неговото дете.
- Со предложената измена се овозможува студентот кој ќе биде тутор, да добие дополнителни поени при апликација за остварување на правото на стипендија, кои секоја година ги доделува Министерството за образование и наука, рече Ристовски.
Според него, генерално се очекува зголемување на успехот на ученикот по соодветниот предмет и подобрување на неговиот вкупен просек. Идејата, како што рече, е да се намалат трошоците на семејствата кои доополнително ангажираа наставници или лица за потребите на нивните деца.
Љубиша Николиќ од СДСМ рече дека овој предлог-закон е уште една шминка и популистичка мерка.
- Сметам дека дел од овој Предлог-закон сигурно ќе претрпи измени и ние, како пратеничка група во наредниот период сигурно ќе поднесеме амандмани за да биде подобрен законот, рече Николиќ.
Според него, во овој момент треба да се дискутира за поважни нешта, за студентските домови, за нивната реконструкција, за студентскиот стандарад, за универзитетите и нивниот напредок.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами