Седми ден протести во северниот дел на Косово, војската ја зголеми борбената готовност
Протестот на косовските Срби, незадоволни од распоредувањето на специјалните полициски сили на административните премини Јариње и Брњак и одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички, трае седми ден по ред. Ниту припадниците на специјалната полиција, ниту граѓаните собрани на протестот не се откажуваат од своите позиции, јави дописникот на МИА од Белград.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ синоќа од Њујорк порача дека Белград е подготвен за дијалог, но очигледно дека Приштина не е. Таа апелираше до меѓународната заедница да инсистира Приштина да започне со спроведување на договорот од Брисел, а особено формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО).
Како што соопшти РТС два авиона од типот „орел“ и денеска прелетаа над Јариње правејќи два круга.
Половина час пред прелетот на авионите, областа каде се распоредени косовските полициски специјалци и граѓаните кои протестираат, ги прелета и хеликоптер на КФОР.
Министерот за одбрана, Небојша Стефановиќ и началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, започнаа со обиколка на дел од силите кои се во состојба на зголемена борбена готовност поради настаните во Јариње, соопшти Министерството за одбрана.
Како што е наведено во соопштението, тактичките групи лоцирани во Гарнизонот во Рашка, воената база Рудница и во правец кон административниот премин Јариње, се во состојба на зголемена борбена готовност.
– По провокациите на единиците на Росу, кои веќе седум дена се наоѓаат на северот на Косово, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нареди зголемување на борбената готовност за дел од единиците на српската армија и Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување