Се жени синот на Лепа Брена: Филип и Александра утре ќе го кажат судбоносното „ДА“
Синот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ и пејачката Александра Пријовиќ утре ќе го кажат судбоносното „ДА“.
Српските медиуми на само еден ден пред свадбата објавуваат вртоглави суми кои парот ги има искеширано за свадбената церемонија, која ќе се оддржи во Белград.
Па така според последните информации за свадбата ќе бидат потрошени близу 400 илјади евра.
-За најубавиот ден во нивниот живот семејството не жали пари, па така тие ќе ги исполнат сите нивни желби. Само за декорација на ресторанот тие имаат потрошено повеќе од 70 илјади евра, а освен декоративно цвеќе, луксузни лустери ќе има и дијамантски декорации кои ќе висат на врвот на ресторанот.
На свадбата е планирано да има 900 гости, а 400 од истите ќе допатуваат од различни делови на светот. За истите организирано е и сместување кое семејствата ќе ги чини дополнителни 150 илјади евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати