Се зголемува бројот на заболени од грип
Во текот на оваа сезона во Македонија досега се регистрирани вкупно 8.007 случаи на грип, со инциденца од 387,0 на 100.000 жители. Само петтата недела од почетокот на годинава, во периодот од 1 до 7 февруари регистрирани се 3.127 случаи.
Во споредба со истиот период од минатата година, вкупниот број пријавени случаи во оваа сезона е поголем за 17,2 проценти, а во однос на моделот за последните пет сезони се регистрира исто така зголемување од 6,9 проценти.
Во текот на оваа сезона, најголем број случаи се регистрирани во регионот на Струмица 1.072, Прилеп 1.013, Куманово 853, Битола 711... Највисока инциденца е забележана во Свети Николе и Кратово.
Најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 5.832 случаи или 72,8 проценти, а најголема кумулативна инциденца од 483,5/100.000 се регистрира кај децата/учениците на возраст од 5-14 години, како и кај децата на возраст од 0-4 години од 468,2/100.000 жители.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, бројот на регистрирани случаи на грип бележи интензивен пораст во последните две недели, како и бројот на позитивно тестирани примероци. Постои широка географска распространетост односно 93,5 проценти од центрите за јавно здравје пријавиле случаи во текот на сезоната. Од Институтот очекуваат континуираниот пораст на активноста на грип да продолжи и во наредните недели.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина