Се запали туристички брод во Нов Зеланд, сите патници спасени

Сите 60 патници и членови на екипажoт на туристички брод што се запали во близина на брегот на Нов Зеланд се спасени, откако бегајќи од пожарот скокнале во морето, соопшти денеска локалната полиција.
Бродот полн со туристи се враќал од островот Вакари, активен вулкан во заливот Пленти, кога дошло до пожар.
Очевидци виделе дека огнот избувнал во моторот на бродот, како и оти потоа брзо се проширил по целиот брод, додека тој се наоѓал на околу километар од брегот.
- Огнот се проширил по целиот брод, па патниците морале да скокнат во вода, се наведува во полицискиот извештај.
- Во акцијата на спасување луѓе од водата учествуваше еден чамец за спасување, како и одреден број помали локални пловила. Потоа хеликоптерот извршил пребарување од воздух, за да потврди дека сите луѓе се спасени. Извршена е проверка на списокот на патници и утврдено е дека сите се спасени, наведе полицијата.
Едно лице е префрлено во болница поради вдишување чад, а друго се здобило со помали повреди кога скокнало од бродот во водата.
Засега не се знаат причините за пожарот.
Ново на Сител
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот
