Се запали туристички брод во Нов Зеланд, сите патници спасени
Сите 60 патници и членови на екипажoт на туристички брод што се запали во близина на брегот на Нов Зеланд се спасени, откако бегајќи од пожарот скокнале во морето, соопшти денеска локалната полиција.
Бродот полн со туристи се враќал од островот Вакари, активен вулкан во заливот Пленти, кога дошло до пожар.
Очевидци виделе дека огнот избувнал во моторот на бродот, како и оти потоа брзо се проширил по целиот брод, додека тој се наоѓал на околу километар од брегот.
- Огнот се проширил по целиот брод, па патниците морале да скокнат во вода, се наведува во полицискиот извештај.
- Во акцијата на спасување луѓе од водата учествуваше еден чамец за спасување, како и одреден број помали локални пловила. Потоа хеликоптерот извршил пребарување од воздух, за да потврди дека сите луѓе се спасени. Извршена е проверка на списокот на патници и утврдено е дека сите се спасени, наведе полицијата.
Едно лице е префрлено во болница поради вдишување чад, а друго се здобило со помали повреди кога скокнало од бродот во водата.
Засега не се знаат причините за пожарот.
Ново на Сител
-
Екс директорот на затворот во Шутка негира вина
-
ВМРО-ДПМНЕ денеска во Зрновци и Виница
-
СДСМ денеска во Кисела Вода и Аеродром, Шукова ги презентира најважните 20 проекти
-
Османи: На првиот ден ќе прогласам вонредна состојба во Чаир за решавање на проблемот со хигиената
-
Алиу: Стручната комисија се уште ги разгледува новите 5 претставки за извршени кардиохируршки интервенции
-
Да се почитува забраната за продажба на цигари на лица под 18 години, бараат од Аналитика Tинк Tенк
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен караван на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија, Конче, Неготино и Кавадарци