Се запали панорамско тркало на фестивал во Германија, повредени околу 30 лица
Повеќе од 30 луѓе се повредени откако синоќа се запали панорамско тркало на музичкиот фестивал Хајфилд во близина на источниот германски град Лајпциг, соопшти полицијата.
Според првите наоди, сите повредени се задушиле од чад откако се запалиле двете гондоли на тркалата, изјавила портпаролката на полицијата за ДПА.
Шефот на германскиот Црвен крст изјави дека две лица се тешко повредени.
Портпаролката на полицијата не можеше да ги коментира овие информации. Но, таа рече дека меѓу повредените има и четворица полицајци. Причината за пожарот не е јасна.
Една од гондолите на набљудувачката палуба се запали околу 21 часот. Пожарот потоа се проширил и на втората гондола. Двете гондоли се целосно уништени во пожарот, јавува репортерот на ДПА. Посетител на фестивалот од Келн рече дека панорамското тркало наеднаш се забрзало. Запалените гондоли беа на самиот врв на тркалото.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги