Сè уште високо ниво на реката Вардар во Раотинце
Нивото на реката Вардар е сè уште високо и не е променето од вчера, информираат од месната заедница на Раотинце, Општина Јегуновце каде вчера беа поплавени ниви, патишта и 15-тина дворови од куќи.
Високото ниво на реката Вардар беше причина вчера околу 18 часот да почне излевањето и до вечерта да се поплават дворовите на куќите, а во еден објект е навлезена водата и во подрумските простории. Целосно е поплавен влезот на Раотинце од кај Јегуновце.
- Водостојот на Вардар утринава е ист како вчера. Добро е што нема нови врнежи од дожд. Ако продолжи да врне ќе има нови поплави. Се надеваме дека водата ќе се повлече, информира Васко Јанчевски од месната заедница на Раотинце.
Според информациите на месната заедница доставени вчера до Центарот за управување со кризи водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста „Старо Вардариште“ дошла во атарот на село Раотинце.
- Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото, се вели во соопштението на Центарот за управување со кризи.
Ноќеска поплавените подрачја ги посетија градоначалникот на Јегуновце, Димитар Костадиноски и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег